речник контакт

Кој е најстудениот град на светот?

Дали е тоа Јелоунајф во Канада,или е Уланбатор во Моголија или пак е тоа Јакутск во Русија?

Петар Печков

Дали е тоа Јелоунајф во Канада, каде смрзнувачките ветрови редовно ја држат температурата под -30 Целзиусови степени?Или е Уланбатор во Моголија, каде почвата мора прво да биде одмрзната пред да се изврши погреб? Или пак е тоа Јакутск во Русија, каде само на неколку вида авиони им е дозволено да слетуваат?

Устерсун во Шведска се нарекува „Зимскиот град“. За локалната самоуправа која постојано се кандидира за Зимски олимпијски ирги, тоа е добар маркетиншки наслов – всушност толку добар, што истото име го користат и Улу во Финска и Едмонтон во  Канада. На сите овие места студенилото е точка на гордост, каде смрзнувачките температури не само што се толерираат, туку и се слават. Но што треба некој град да поднесе за да присвои цела сезона само за себе? Кој е навистина најстудениот град на Земјата?

Информатичката служба на Светската метереолошка организација, која работи од Опсерваторијата во Хонг Конг, е добро место од каде да се почне и каде изминативе 30-години се следат климатските состојби во целиот свет. Еден од најсилните кандидиати е Јелоунајф во канадските северозападни територии.

Тоа е онакво место каде вообичаен семеен дом троши по пет илјади долари годишно на масло за греење, и каде во градежните стандарди се бара секоја нова дрвена градба задолжително да вклучува 33 сантиметри дебели ѕидови со полна изолација. Пожарникарите во Јелоунајф често се излизгуваат на брзо смрзнувачката вода која истекува од цревата и мораат често да го кршат мразот од нивните пожарникарски одела за да можат да ги движат рацете.

Иако е најстудениот град во Северна Америка, Јелоунајф сепак не е најстудениот град на светот – иако тамошните жители укажуваат на Индексот за смрзнувачки ветер (35.74 + 0.6215T – 35.75[V0.16] + 0.4275T[V0.16], каде V е брзината на ветерот во милји, а Т е температурата во Фаренхајти.

За смрзнувачко во ветровите се зема предвид температурата која се пресметува со протокот на воздух, и кажува уште колку секунди време имате пред вашето тело да бидете изложено на замрзнување. Во католичкото училиште Веледех во Јелоунајф, на пример, ова се користи да се пресмета кога да се пуштат децата во дворото на одмор (кога веќе прашувате, таму ветерот смрзнува се под -30 Ц степени).

Како и многу одалечени северни престолнини, и Јелоунајф со околу 20,000 жители е на границата на она што може да се нарече град. Најстудената постојано населена човечка населба се смета дека е Ојмјакон во Русија, касаба со 500 луѓе кои се борат за егзистенција на температури кои паѓаат и до -67 Ц степени.

Но Уланбатор, главниот град на Монголија, е посоодветна урбана престолнина на студенилото: 1,3 милиони луѓе во јануари живеат на просечна температура од -33 Ц степени, што можеби изгледа дека е невозможно да биде населен, но свушност е постојано населене веќе со векови. Тука традиционалните „јурти“ се издигаат над смрзнатата почва и кога некој ќе почине, роднините палат и одржуваат оган на местото на закопот за да се одмрзне смрзнатата почва колку што би било доволно да се изврши закопот.

Локалната исхрана вклучува и коњска крв, замрзната во коцки. Никој не шета по улици, освен ако не им треба помош, а сообраќајот е толку ужасен што автомобилите редовно возат по тротоарите. А традиционалните генијални техники за преживување се адаптирани на модерниот начин на живот: наместо сандаци обложени со крзно, луѓето тука користат отфрлени автомобили како сандаци за чување замрзнато месо.

Технички, Уланбатор е на првото место како најстудена национална престолнина. Но ако Република Сака, со големина од три милиони км2 е суверена држава наместо сега како федерален субјект во Руската федерација, тогаш тамошниот главен град Јакутск ќе ја држи титулата на најстудена национална престолнина како најстуден главен град на светот.

Со просечни зимски температура од -34 Ц степени, Јакутск каде живеат 270,000 жители малку јужно од Арктичкиот круг – е толку студен, што аеродромот не може да услужи повеќето од постоечките авиони кои не се направени за да издржат температури под -40 Ц. Студенилото ја исцицува енгријата од мобилните телефони, кои одвреме навреме мора да бидат загревани. Дури и градењето куќа е вистински предизвик затоа што притисокот на големите структури ја топат почвата и тонат, што ги тера инженерите да користат направа наречена термосифон кои ја чуваат почвата замрзната преку целата година.

Традиционалната кујна во Јакутск вклучува замрзната арктичка риба циско, која се служи со сос од корења, а стаклените градини се единствениот извор на свеж зеленчук. Таму постои дури и музеј на пермафростот (постојано замрзната почва), со слана украсена институција каде наводно живее рускиот Дедо Мраз, и каде се служи вотка во чашки од мраз.

Но  кој било град да го изберете за да го насловите како најстуден на светот, има едно нешто што е заеднички именител за сите жители: драматичната забава (ако се изведе правилно) на фрлање вода од кофа на -40 Ц степени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »